Кимот, еден од најстарите и најкористени зачини во светската кујна, се издвојува по својот топол и малку горчлив вкус кој додава сложеност на многу јадења. Покрај неговата кулинарска употреба, кимот покажа силни лековити својства и долго време се користи во традиционалните медицински системи за лекување на состојби како дијабетес и гастроинтестинални заболувања.
Кога се консумира во исхраната или се зема како додаток, кимот може да го подобри здравјето на неколку начини, како што се намалувањето на нивото на холестерол и поддршка на здравата телесна тежина.
Постојат различни видови од овој зачин во зависност од бојата на неговите семиња и интензитетот на неговата арома:
Бел ким (Cuminum cyminum) – најзастапен во гастрономијата на европските земји како што е Шпанија, но и во Азија.
Црн ким (Nigella sativa) – помал од белиот ким, но со посилен, горчлив вкус и посилен мирис.
Хранливи вредности на кимот
Белиот ким е познат по своите хранливи својства. Тој е извор на железо, суштински минерал за формирање на црвените крвни зрнца и спречувањето на анемија. Исто така, содржи антиоксиданти кои помагаат во намалувањето на воспаленијата и заштитата на клетките од оксидативно оштетување.
Од друга страна, кимот е богат со калциум, со 1.098 милиграми, а содржи и многу железо: 58,3 милиграми.
Како и повеќето зачини, кимот обично се консумира во мали количества. Иако кимот содржи хранливи материи, нормалната порција не обезбедува значително количество на хранливи материи, освен железо.
Порција од една кафена лажичка (околу 5 грама) семе од ким содржи:
Калории: 22,5
Масти: 1,34 гр
Јаглехидрати: 2,65 гр
Протеини: 1,07 гр
Влакна: 0,63 гр
Железо: 3,98 мг, што претставува 22 проценти од дневната потреба.
Кимот е добар извор на железо од растително потекло, при што една кафена лажичка покрива 22 отсто од дневните потреби. Железото е минерал потребен за производство на хемоглобин, протеин кој носи кислород низ телото. Исто така, игра важна улога во клеточната функција, растот и развојот како и во производството на хормони.
Иако кимот е богат со железо, железото од растително потекло е помалку биодостапно од хем железото (кое се наоѓа во производите од животинско потекло), што значи дека телото не може да го апсорбира железото од растително потекло толку ефикасно како хем железото. За одржување на здрави нивоа на железо, се препорачува исхрана која содржи извори на растително но и на животинско железо.
Покрај железо, кимот содржи и помали количества на други хранливи материи, вклучувајќи калциум, кој го поддржува здравјето на коските и магнезиум, минерал потребен за здрава реакција на стресот, нервната функција и регулирањето на нивото на шеќер и крвниот притисок.
Ја подобрува дигестијата
Од дигестивна перспектива, белиот ким традиционално се користи како природен лек за ублажување на стомачни проблеми, како што се лошата дигестија, гасовите и грчевите. Неговата способност да го стимулира производството на желудочни сокови ја подобрува дигестијата и може да биде корисен за луѓето кои страдаат од бавна дигестија.
Го подобрува квалитетот на сонот
Исто така, не треба да се заборави дека кимот може да помогне во подобрувањето на квалитетот на сонот. Кимот со векови се користи како природен лек за поттикнување релаксација и подобрување на ноќниот одмор поради неговите смирувачки својства.
Тој содржи компоненти како терпинен и карвон, кои имаат благо седативно дејство на нервниот систем. Овие компоненти можат да помогнат да се намали стресот и анксиозноста, фактори кои најчесто го отежнуваат спиењето. Кимот е и добар извор на магнезиум, минерал кој игра клучна улога во регулирањето на сонот.
Го намалува нивото на шеќер во крвта
Додавањето кимот во исхраната може да биде ефикасен природен начин за поддршка на контролата на шеќерот во крвта.
Прегледот на осум студии покажа дека суплементација со кимот ја подобрила чувствителноста на инсулин и доведе до намалување на нивото на шеќер во крвта на празен стомак, како и намалување на маркерот за долгорочна контрола на шеќерот во крвта, хемоглобинот A1c (HbA1c).
Кимот содржи соединенија со својства за намалување на шеќерот во крвта, како што е куминалдехидот, кој може да го намали нивото на шеќер во крвта со инхибиција на одредени ензими кои го разградуваат скробот во гликоза (шеќер).
Сепак, не сите студии покажаа дека суплементите на кимот се корисни за контролирање на нивото на шеќер во крвта. Исто така, не е јасно како овој зачин влијае на регулирањето на нивото на шеќер во крвта кога се консумира во вообичаени количества. Потребни се дополнителни истражувања за да се потврди оваа придобивка.
Штити од слободните радикали
Кимот е богат со антиоксиданти, соединенија кои штитат од оштетување на клетките со неутрализирање на високо реактивни супстанции познати како слободни радикали. Доколку нивото на слободните радикали стане превисоко, се јавува состојба позната како оксидативен стрес, која е поврзана со неколку здравствени состојби, како што се срцеви заболувања и одредени видови на рак.
Исхраната богата со храна која содржи антиоксиданти, како што е кимот, помага во регулирањето на нивото на слободните радикали со тоа што го снабдува телото со заштитни антиоксиданти.
Кимот е добар извор на неколку антиоксиданти, како што се фенолни киселини и флавоноиди како што се лутеолин, кверцетин и апигенин. Истражувањата спроведени врз животни сугерираат дека консумирањето ким може да помогне во намалувањето на маркерите на оксидативниот стрес, како и зголемувањето на природната антиоксидантна одбрана и заштитата од оштетување на ткивата. Сепак, истражувањата спроведени врз луѓе за потенцијалните антиоксидантни ефекти на кимот се ограничени.