Во Лондон денеска имало напад со нож во кој се повредени пет лица. Во моментов на повредените им е укажана итна медицинска помош, како што пренесуваат медиумите напаѓачот е фатен.
Британските медиуми пишуваат дека нападот со нож се случил во близина на супермаркет во Кројдон, пишува „Мирор“. Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот на Марлоу Веј веднаш по 11 часот, каде пронашле четири повредени жртви кои, наводно, биле избодени со нож во „случаен напад“ на паркингот.
Полицијата соопшти дека 54-годишниот напаѓач бил пренесен во болница каде што било оценето дека неговите повреди не се опасни по живот. Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот до капијата дошол вооружен со нож, каде бил запрен од обезбедувањето. Но, тој ги нападнал обезбедувачите и повредил тројца работници.
– Тој дојде до капијата и рече дека работи во супермаркет. Чуварот му се спротивставил и го удрил со тупаница и бил прободен. Потоа неколку мажи се обиделе да помогнат, а уште тројца биле избодени со нож – изјавил работникот во супермаркетот.