Најмалку 20 училишта во Унгарија евакуирани поради дојави за бомби

Макфакс

23/01/2025

12:23

143

Големина на фонт

а а а

Најмалку 20 училишта во Унгарија денеска се евакуирани поради дојави за бомби, објави унгарскиот портал Индекс.

Премиерот на таа земја Виктор Орбан изјави дека е во контакт со министерот за внатрешни работи и дека безбедноста ќе биде зголемена поради заканите, пренесува МТИ.

„Ќе ја зајакнеме безбедноста во спорните училишта и ќе ги истражиме заканите со бомби“, изјави Орбан на Фејсбук, пренесува Танјуг.