Папата Франциско ги повика политичките и економските лидери на Светскиот економски форум во Давос внимателно да го следат развојот на вештачката интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека технологијата може да ја влоши растечката „криза на вистината“.
Во писмената изјава прочитана во Давос, папата ги пофали можностите на технологијата со вештачка интелигенција, но предупреди дека тоа предизвикува „голема загриженост“ за иднината на човештвото, објави Ројтерс.
„Резултатите што вештачката интелигенција може да ги произведе се речиси исти како оние што ги создале луѓето, што покренува прашања за нејзиното влијание врз растечката криза на вистината“, рече Папата.
Папата претходно му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инаугурација и изрази надеж дека под негово водство американскиот народ секогаш ќе се труди да изгради поправедно општество.
Инспириран од идеалите на една нација, земја на можности и добредојде за сите, се надевам дека под ваше водство американскиот народ ќе напредува и секогаш ќе биде посветен на градење на поправедно општество, во кое нема место за омраза, дискриминација или исклучување, порача папата во честитката.