Руте: Линијата на фронтот се движи во погрешна насока, мора да ја зголемиме помошта за Украина

Макфакс

23/01/2025

10:20

715

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ја истакна потребата да се засили поддршката за Украина, велејќи дека е од витално значење Русија да не победи во војната што ја води во таа земја, бидејќи тоа, според него, ќе ги охрабри Северна Кореја и Кина.

Тој додаде дека линијата на фронтот моментално се движи во погрешна насока, пренесува Ројтерс.

„Навистина треба да ја зголемиме, а не да ја намалиме нашата поддршка за Украина“, рече Руте на настанот посветен на Украина на Светскиот економски форум во Давос.

Шефот на НАТО, исто така, истакна дека остварлив мировен договор за Украина треба да биде таков каде Путин „никогаш повеќе“ нема да може во иднина да стекне ниту еден квадратен километар Украина.