[ФОТО] Мачка станала неочекуван патник во авионот откако случајно ја заборавиле: 24 часа поминати во лет

Точка

22/01/2025

21:39

307

Големина на фонт

а а а

Мачката Митенс, од познатата раса Мејн Кун, стана неочекуван „патник“ во еден авион, откако таа била заборавена сосе својот транспортер во багажникот, принудувајќи ја да направи три патувања меѓу Нов Зеланд и Австралија во период од 24 часа.

Митенс, која има осум години, требала да отпатува за Мелбурн, Австралија, а нејзината сопственичка Марго Нес рече дека чекала мачката да се истовари од товарниот дел на авионот, но немало траги од неа повеќе од три часа, пишува „Гардијан“.


Тогаш вработените ја известиле дека авионот повторно полетал за Нов Зеланд, заедно со Митенс. Тоа патување траело околу седум и пол часа.


Пилотот на „Ер Њу Зеланд“ ја вклучил греалката во багажникот за да не ѝ студи на мачката. Тој доцна бил известен дека работниците не го забележале транспортерот со мачката поради инвалидската количка што била поставена напред.


Авиокомпанијата организираше лет за Митенс до Мелбурн и рече дека ќе му ги покрие сите мачни трошоци.