Петрушевски: Колку може СДС да тоне пред да се извини за Груби?

Макфакс

22/01/2025

13:36

127

Големина на фонт

а а а

Колку може СДС да тоне, пред да се извини за Груби? Очигледно е дека СДС одбраа да тонат заедно со Артан Груби, наместо да се извинат за тоа што овозможија тој да ја ограби Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС 7 години го толерираше Груби и овозможи со тоа тој да направи систем за грабеж на државата. Артан Груби се најде и на црната листа на САД, каде имаат информации за криминал на Груби, а Оливер Спасовски кој беше МВР во Македонија немаше информации. Повеќе од јасно е дека СДС му го чуваше грбот на Груби, кој им беше гарант дека владата нема да падне. СДС и сега со Филипче го чува Груби, иако е не јасно кои се мотивите. Врската на СДС со Груби уште е цврста и тие немаат намера да се откажат од него – рече Петрушевски.