Трамп ќе воведе санкции против Русија доколку Путин одбие да преговара за Украина

Макфакс

22/01/2025

09:41

944

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе воведе санкции против Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина. Трамп не даде детали за можни дополнителни санкции, објави „Глас на Америка“.

Соединетите Американски Држави веќе воведоа остри санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година. Трамп рече дека неговата администрација исто така размислува да испрати оружје во Украина, додавајќи дека Европската унија треба да стори повеќе за да ја поддржи Украина, да плати повеќе и да ги израмни трошоците.

„Разговараме со (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, наскоро ќе разговараме со претседателот Путин“, рече Трамп. „Ќе го разгледаме тоа“.

Трамп рече дека извршил притисок врз кинескиот претседател Си Џинпинг да повика на интервенција за да се запре војната во Украина. „Тој не направи многу за тоа. Тој има голема… моќ, како што ние имаме голема моќ. Јас реков: Треба да го решите тоа. Разговаравме за тоа“.