Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

Макфакс

21/01/2025

16:28

2.312

Големина на фонт

а а а

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во Битола ќе се продаваат по реални цени, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен. 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен. 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен“, соопшти Николоски.

ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА!


На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен...

Posted by Aleksandar Nikoloski on Tuesday, January 21, 2025

Со тоа, како што рече, Владата врши интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цените на станови.

Министерот очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следи.