„Вреди“: Она што ДУИ не го направи 20 години ние го правиме во првата година од владеењето

Макфакс

21/01/2025

13:47

350

Големина на фонт

а а а

Коалицијата „Вреди“ успева да ги реши клучните прашања за Албанците во првата година од владеењето.

Законот за заштита на децата денеска по втор пат ќе се најде пред пратениците. „Вреди“ сега успеа да им овозможи на кандидатите Албанци за згрижување деца да го полагаат испитот на албански јазик и лиценците да ги имаат на албански јазик, истакнуваат од оваа коалиција во соопштението.

„Веќе 20 години кандидатите за старателство и нивните лиценци беа само на македонски јазик. ДУИ повеќе од дведецении не можеше да ги реши проблемите на Албанците и да го заврши спроведувањето на албанскиот јазик. Затоа што нивниот проблем не беше албанскиот јазик, туку казиното, Соравија и нивните лични бизниси“.

Со „Вреди“ во влада, како што нагласуваат, времето кога законите за Албанците се правеа само за шоу, заврши.

„Со „Вреди“ во владата се гарантираат правата на Албанците, се промовира унапредувањето на албанскиот јазик и се спроведуваат закони кои гарантираат еднакви права на сите народи кои живеат во Северна Македонија“.

Додаваат дека еден по еден ги решаваат проблемите кои Албанците ги чекаат со децении.

Сега, според оваа коалиција, старателите ќе можат да добиваат лиценци на албански јазик.

„Преку овој закон уште еднаш обезбедуваме албанскиот јазик во ниту еден момент да не биде загрозен, а гаранција за тоа сме ние“, подвлекуваат од „Вреди“.