Уапсен 25-годишник од Радовиш: се обидел да изврши тешка кражба во куќа

Макфакс

21/01/2025

12:36

359

Големина на фонт

а а а

Синоќа во 22.20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.Т.(25) од Радовиш поради сомнение дека околу 19.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа сопственост на Г.С.(77) од Радовиш.

Во службениот разговор Ј.Т. го признал делото.

Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.