„Европската унија ќе биде прегазена од политиката на Трамп“: Премиерот на европска сила изрази црни претчувства

Точка

21/01/2025

09:21

2.000

Големина на фонт

а а а

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска предупреди за ризикот Франција и Европската унија (ЕУ), доколку не преземат ништо, да бидат „прегазени“ од најавената политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата.

– САД се одлучија за неверојатно доминантна политика преку доларот, индустриската политика, како и преку нивната способност да привлечат глобални инвестиции и истражувања, изјави францускиот премиер пред новинарите во градот Пау, каде што им се обрати на претставниците на локалните власти.


– Ако не преземеме никакви чекори, нашата судбина ќе биде многу едноставна: ќе бидеме доминирани. Ќе бидеме прегазени. Ќе бидеме маргинализирани – рече тој.

Тој додаде дека одлуката за тоа како да реагираат е на Французите и на Европјаните, бидејќи, како што истакна, тоа е невозможно без Европа.


– Инаугурацијата на Доналд Трамп не ни поставува прашања, туку ни става пред одговорност – додаде францускиот премиер, потсетувајќи на „моќта на Кина“, која во декември го премина прагот од 1.000 милијарди долари трговски суфицит.

– Франција и Европа денеска се соочени со два главни предизвици: американскиот и кинескиот – рече Бајру.