[ВИДЕО] Архитектонско чудо кое го импресионира светот веќе 24 години: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

Точка

20/01/2025

16:00

1.254

Големина на фонт

а а а

Ересундскиот мост е еден од најфасцинантните мостови во светот.

Данскиот главен град Копенхаген и шведскиот град Малме се поврзани со уникатен пат, односно Ересундскиот мост, долг осум километри, кој продолжува во подводен тунел на вештачкиот остров Пипер.


Ересундскиот мост е еден од најфасцинантните мостови во светот, бидејќи е комбинација на мост и (подводен) тунел, а за неговата изградба е создаден цел вештачки остров.

Ова е и најдолгиот мост во светот кој поминува низ државна граница.

Мостот Øresund или Øresund Connection е наменет за патен (четири ленти) и железнички сообраќај (две пруги) и е најдолгиот комбиниран мост-тунел од ваков вид во Европа.

Идејата за поврзување на двата континента преку теснецот Ересунд постоеше уште пред Втората светска војна, но беше отфрлена во предвечерието на војната. Повторно беше детално проучена во 1950-тите и 1960-тите од страна на шведската и данската влада, но повторно беше отфрлена во 1970-тите поради економската ситуација и загриженоста за природата и последиците кои може да ги има изградбата врз неа.


Конечно, според дизајнот на данскиот архитект Џорџ К.С. Ротне за компанијата „COWI“, изградбата започна во 1995 година. Последната делница беше поставена во 1999 година, а мостот-тунел беше официјално отворен на 1 јули 2000 година.

Мостот се протега од Малме сè до вештачкиот остров Пеберхолм (Островот Пибер, кој го добил своето име затоа што се наоѓа веднаш до природниот остров Салтхолм, што значи сол), кој се наоѓа во средината на теснецот. Овој остров е направен од материјал ископан од морското дно за време на изградбата на мостот.

На тој остров мостот преминува во тунел со вкупна должина од четири километри, од кои три и пол километри се под површината на морето. Тунелот се состои од пет помали тунели, од кои четири се наменети за патен и железнички сообраќај, додека петтиот е за евакуација.

Годишно, преку 20 милиони луѓе го поминуваат овој мост, најмногу оние кои живеат во Шведска и работат во Данска, и обратно. Како изгледа возењето преку овој мост, погледнете во видеото.