Познатиот актер Хју Грант е горд на многуте филмови во кои глумел, но еден сепак не е меѓу нив. Тој не ѝ дозволува на сопругата Ана Елизабет Еберштајн да ја гледа романтичната комедија „Девет месеци“ од 1995 година.
Станува збор за филм во кој тој глуми детски психолог кој е во врска со наставничка по балет, која ја игра Џулијан Мур. Во филмот, заедно со Грант, глумат и Робин Вилијамс, Џеф Голдблум, Том Арнолд и други.
Во интервју за „Variety“, Грант изјави дека е толку разочаран од неговата изведба во тој филм што не ѝ дозволува на сопругата да го гледа.
„Морам да напоменам, сите што работеа на тој филм, освен мене, беа брилијантни и талентирани. јас го упропастив. Жена ми сака да го гледа тој филм, но јас ѝ забранив. Ставив родителска контрола на телевизорот за да не може да го гледај“, призна Грант.
Иако не е задоволен од овој филм, тој призна дека со текот на времето почнал повеќе да ги цени другите романтични комедии.
„Навистина ги ценам добрите романтични комедии во кои сум глумел. Филмовите на Ричард Кертис всушност се за болката“, објасни тој, а режисерот Кертис е познат по филмовите како „Love Actually“, „Four Weddings and a Funeral“, „Notting Хил“ и „Bridget Jones’s Diary“, во кои глумеше и Грант.