Компанијата на Џеф Безос лансираше ракета висока 100 метри

Точка

16/01/2025

10:58

2.571

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска компанија "Blue Origin" денеска успешно ја лансираше ракетата „New Glenn“. Компанијата, во сопственост на основачот на "Amazon", Џеф Безос, има намера да го достигне својот ривал, "SpaceX" на Илон Маск.

Ракетата висока 98 метри успешно полета околу 2 часот по локално време од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида и покрај временските услови кои не беа оптимални.

Првиот лет на оваа моќна ракета се очекуваше со години и неколкупати беше одложуван. Во понеделникот мисијата беше откажана во последен момент поради технички проблем.


Ако мисијата оди според планираното, ракетата ќе стигне во орбитата и ќе изврши орбитален лет.

Компанијата на Џеф Безос веќе ги носи туристите во вселената на неколку минути со својата ракета „New Shepard“, но нема изведено ниту еден орбитален лет.


Илон Маск му честиташе на Безос за неговиот успех на платформата "X".

„Честитки што стигнавте во орбитата на вашиот прв обид!“, напиша Маск.