Израелски министер се закани со оставка: Овој договор е опасен

Макфакс

16/01/2025

09:46

372

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич упати „суптилна“ закана дека ќе поднесе оставка доколку биде принуден да ги прифати условите од договорот за прекин на огнот со Хамас во замена за заложници, јавува Си-Ен-Ен.

„Договорот што ќе и биде претставен на владата е лош и опасен за националната безбедност на Државата Израел. Ние се спротивставуваме на договорот со сите сили“, рече екстремно десничарскиот политичар, кој изјавата ја даде во име на неговата Религиозна Ционистичка партија, која се противи на какви било отстапки за Хамас.

Тој додаде дека е јасен условот таа партија да остане во Владата.

„Јасен услов е да бидеме апсолутно сигурни дека ќе се вратиме во војната со голема сила, во полна мера и во