Пресврт: Јувентус останува без планираното засилување од Барселона

Дерби

15/01/2025

13:19

253

Големина на фонт

а а а

Јувентус сака да го ги освежи и засили своите редови во овој преоден рок, а една од целите беше да се засили дефанзивната линија.

Калчолигашот имаше идентификувано перфектно засилување и тоа во името на еден од капитените на шпанскиот великан Барселона, Роналд Араухо. Уругваецот од 2018 година е дел од клубот во кој преку Б тимот дојде до првиот состав и кога е фит, подготвен е меѓу најзначајните, клучните играчи на Барселона, но во изминатиов период беше повреден и сега полека се враќа на терените, ама го имашше загубено местото во првиот тим, па „старата дама“ се обиде да ја искористи оваа ситуација и го доведе во Торино.

Информациите говореа дека и самиот играч сака да си замине од „Камп Ноу“ и дека е подготвен за нов предизвик, меѓутоа сега добро информираните „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ пренесуваат дека има пресврт и дефанзиевцот сигурно останува во сегашната средина најмалку до крајот на сезонава.

Спортскиот директор Деко разговарал со Араухо и го убедил да остане во Барселона, а притоа наредниве месеци ќе бидат искористени за да се дојде до договор за продолжување на соработката која според актуелниот е со важност до 30 јуни 2026 година.

Ова е одлична вест за Барселона која некое време ќе биде без Ињиго Мартинез. Роналд има 25 години и повеќе од јасно е дека допрва доаѓа најдоброто од него, поточно може да биде лидер на новата генерација на Барселона.

Инаку тој е втор капитен зад Марк Андре Тер Штеген.