Дачиќ: Инцидентот на Правниот факултет нема политичка позадина

Макфакс

15/01/2025

11:54

192

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ утрово изјави дека е „неспорно“ утврдено оти инцидентот на Правниот факултет во Белград, кога неколку студенти се здобија со полесни повреди, нема политичка позадина и дека е „апсолутно сигурно“ дека „никој однадвор не донел било кого на тој факултет“ за таму да направи инциденти.

„Тој настан нема никаква врска со државните органи, полицијата, безбедносните служби. Не станува збор ниту за членови на политички партии“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).

Наведе дека малолетник, кој не е студент, пријавил дека некој го малтретира пред Правниот факултет, поради што полицијата дошла и го привела пријавениот дури подоцна утрото кога било објавено на социјалните мрежи дека имало инциденти, полицајците, студентите од Правниот факултет, кои имале полесни физички повреди, ги прашале што се случило.

„Но, не сакаа да одговорат, па ќе се изјаснат денеска во 15 часот, затоа ги поканив студентите да се изјаснат за да знаеме за што се работи“, рече Дачиќ.

Тој кажа дека синоќа биле сослушани девет лица, од кои четворица биле задржани во полиција 48 часа, како и две ученички од други факултети и две средношколки кои биле со нив.

Дачиќ, денеска изјави дека опозицијата одбива да учествува на советодавниот референдум со кој ќе се провери поддршката од граѓаните за претседателот Александар Вучиќ, бидејќи знае кој би бил резултатот.

„Ова е лакмусов тест, можете да видите дека имате работа со политичари кои сакаат власт, но ако е можно без избори, бидејќи од нив не можат да добијат никакви добри резултати“, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).