Лавров: Америка и ЕУ и ги виткаат рацете на Србија барајќи од неа да ја предаде Русија

Макфакс

14/01/2025

12:10

495

Големина на фонт

а а а

Со новите антируски санкции во енергетскиот сектор, администрацијата на Бајден сака да направи зло и на Србија и на администрацијата на Трамп, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Министерот истакна дека Русија е во постојан контакт со Србија и дека побарала итни консултации за состојбата со санкциите против српската нафтена индустрија.

„Во контакт сме со нашите српски пријатели, побаравме итни консултации. Се надеваме дека ќе добиеме одговор што е можно поскоро“, рече Лавров на годишната прес-конференција, пренесува РИА Новости. Според него, ситуацијата, дури и од „правна гледна точка, бара храбри одлуки“.

Според него, САД и ЕУ и ги виткаат рацете на Србија барајќи од неа да ја предаде Русија, пренесува Спутник.

„И кога претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели: „Нема да отстапиме од курсот за влез во Европската унија“, за многу години, и сите овие години како одговор слуша: „Да, те чекаме овде, но за тоа прво мора да ја признаете независноста на Косово“, односно српскиот народ, српскиот претседател се повикани на самопонижување. И, второ, „секако мора да се приклучите на сите санкции на Европската унија против Руската Федерација. Тоа значи дека во исто време како покана за самопонижување бараат да го предадат својот сојузник“, посочи Лавров.