Арсенал доживеа елиминација во ФА купот, но она што дополнително го загрижува менаџерот Микел Артета, е повредата на уште еден важен фудбалер.
Габриел Жезус последниот период играше во одлична форма, но беше принудно заменет на дербито со Манчестер Јунајтед и сега очигледно го очекува подолга пауза.
Медиумите шпекулираат дека Бразилецот има проблем со вкрстените лигаменти на коленото, а Артета ја потврдил загриженоста во редовите на Арсенал.
– Повредата воопшто не е наивна, но ќе излеземе со официјален став откако ќе биде направена консултација со уште еден специјалист.
– Не сакам да потврдувам каква повреда е, но бевме загрижени уште по натпреварот и многу сме загрижени и сега, – рекол Артета.