Пеп Гвардиола се обидува да го врати својот тим на препознатливото ниво, а еден од неговите потези месецов ќе биде и ангажирање на неколку најавени засилувања.
Манчестер Сити има потреба од „свежа крв“, а шпанскиот стручњак го потврдил тоа со изјавата во која вели дека направил грешка во претходниот преоден рок.
– Во текот на летото, клубот размислуваше на тема засилувања, но јас реков дека не ни се потребни.
– Сметав дека можам да се потпрам на играчите кои ги имав, но по толку многу повреди, веројатно направив грешка.
– Знаевме дека треба да го подмладуваме тимот чекор по чекор, но искрено не очекував дека може да ни се случат толку повреди во толку краток период, – рекол Гвардиола.
Сити веќе го обезбеди потписот на дефанзивецот Абдукодир Хусанов, а се очекува месецов да го добие и Омар Мармуш од Ајнтрахт.