„Најгрдиот заводник“ по четврти пат стана татко: 28 години помладата убавица му роди син

Точка

12/01/2025

12:17

3.380

Големина на фонт

а а а

Францускиот актер Винсент Касел (58) и неговата девојка, бразилската манекенка Нара Баптиста (28) станаа родители на машко бебе кое го нарекоа Каетано, пренесува „Vanity Fair“.

Ова е првото заедничко дете на славниот пар, додека Касел по четврти пат стана татко.

„Погодете кој е роден на 7 јануари 2025 година. Тој е веќе паметен, полн со здравје, љубов и поезија. Најголемиот фраер досега“, напиша актерот во објавата со која ја соопшти среќната вест.


Во средината на 2024 година, Нара и Винсент ја прославија својата прва годишнина, по што во јавноста стигна информација дека го чекаат своето прво дете.


Разликата меѓу нив е 30 години, поради што редовно го привлекуваат медиумското внимание, а иако им се предвидуваше кратка романса, парот е во стабилна врска и на најубав начин ја започнаа 2025 година.

Инаку францускиот актер од бракот со познатата Моника Белучи има две ќерки Дева и Леони, додека со манекенката Тина Кунаки (27) со која беше во брак пет години ја има ќерката Амазон, а двајцата се разделија во 2023 година.


Многумина сметаа дека тој ѝ се „одмаздува“ на убавата Тина со новата девојка – Нара Баптиста, бидејќи таа неодоливо потсетува на неговата поранешна сопруга. Тие се зближиле откако почнале да комуницираат на Инстаграм, а потоа и во Рио каде што престојувале и двајцата.


Нара Баптиста беше финалистка на изборот за Мис Универзум Австралија во 2020 година, по што се пресели во Бразил поради деловна понуда, каде што инаку е родена.