Поранешниот детски актер загина во пожарот во Лос Анџелес: Останал заробен во домот

Точка

12/01/2025

10:14

3.314

Големина на фонт

а а а

Поранешниот австралиски детски актер Рори Калум Сајкс (32) трагично загина во разорните пожари кои го зафатија Лос Анџелес. Неговата смрт ја потврди неговата мајка Шели Сајкс, пренесува Њујорк пост.

Останал заробен во домот

Според достапните информации, Рори Калум Сајкс бил заробен во семејната куќа во Малибу, каде што живеел со својата мајка. Шели се обидела да го изгасне пожарот, но Рори, кој боледувал од церебрална парализа, не успеал навреме да излезе од куќата. „Моето срце е целосно скршено“, напишал неговата мајка Шели.

„Мојот прекрасен син, подарокот роден на мојот и роденденот на неговата баба, 29 јули 1992 година, Рори Калум Сајкс. Тој беше роден слеп и со церебрална парализа и тешко се движеше. Помина низ бројни операции за да научи да оди како и за враќање на видот. И покрај сите предизвици, тој беше воодушевен од патувањата низ светот со мене, од Африка до Антарктикот“, додаде таа.

Ден пред смртта тој сподели хумористична објава

Само еден ден пред трагичниот настан, Рори на платформата X сподели дека за ручек сака риба и компири.

Инаку Рори беше најпознат по неговата детска улога во англиската серија „Kiddy Kapers“.


Потсетуваме, шест истовремени шумски пожари опустошија населби во Лос Анџелес од вторникот, при што загинаа најмалку 11 луѓе, а оштетени се или уништени околу 10.000 објекти.