Глобалните банки ќе укинат 200.000 работни места во следните три до пет години поради вештачката интелигенција

Точка

09/01/2025

14:47

503

Големина на фонт

а а а

Глобалните банки ќе укинат 200.000 работни места во следните три до пет години бидејќи вештачката интелигенција (AI) ги презема задачите што моментално ги извршуваат луѓето.

Анкетираните банки рекоа дека ќе ја намалат својата работна сила во просек за три отсто, според истражувањето на "Bloomberg Intelligence" објавено денеска.

„Сите работни места кои вклучуваат рутински, повторливи задачи се изложени на ризик“, рече високиот аналитичар на "Bloomberg Intelligence", Томаш Нецел.


Според него, вештачката интелигенција нема целосно да ги елиминира гореспоменатите работни места, туку ќе доведе до трансформација на работната сила.

Банките, кои со години ги модернизираа своите ИТ системи за да ги забрзаат процесите и да ги намалат трошоците поради финансиската криза, влегоа во нова ера на алатки за вештачка интелигенција, што може дополнително да ја подобри продуктивноста.


Осум од десет испитаници од банкарскиот сектор очекуваат генеративната вештачка интелигенција да ја зголеми продуктивноста и генерирањето приходи за најмалку пет проценти во следните три до пет години.

"CityBank" во извештајот од јуни објави дека вештачката интелигенција веројатно ќе замени повеќе работни места во банкарската индустрија отколку во кој било друг сектор, додавајќи дека околу 54 отсто од сите банкарски работни места би можеле да бидат автоматизирани, пишува "Bloomberg".