Рашфорд одбил годишна плата од 42 милиони евра

Макфакс

06/01/2025

14:03

1.907

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд (27) одбил три профитабилни понуди од Саудиска Арабија бидејќи сака да се врати во репрезентацијата на Англија, која сега ја предводи Германецот Томас Тухел, објавија британските медиуми.

Еден од трите клуба му понудил годишна плата од 42 милиони евра.

Новиот тренер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим не смета на него и клубот сака да го продаде во зимскиот преоден рок. И покрај тоа што клубот сака да се ослободи од него, Рашфорд е подготвен да остане на „Олд Трафорд“ до крајот на договорот, односно до летото 2028 година.

Рашфорд е свесен дека заминувањето во Саудиска Арабија би му ја затворило вратата на репрезентацијата на Англија, а тој има желба повторно да го облече дресот на „гордиот Албион“ откако не отпатува на минатогодишното евро.

За англиската репрезентација одигра 60 натпревари, а последниот настап го имаше пред девет месеци.