[ВИДЕО] Жителите на Црна Гора запалија свеќи за жртвите од масакрот во Цетиње

Макфакс

03/01/2025

08:33

930

Големина на фонт

а а а

Стотици жители на Цетиње запалија свеќи за 12 жртви, меѓу кои и две деца, убиени на први јануари.

Палењето свеќи за невините жртви на жителите на Цетиње беше организирано и на централниот плоштад во Подгорица, каде насобраните се запишаа во книгата на жалост.

„Подгорица отсекогаш била и ќе биде до Цетиње, подеднакво не болат раните на нашето Цетиње. Нашето заедништво, солзи и молитва нека им даде сила на оние на кои им е најпотребно во овој тежок момент“, рече градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ.

Во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње, а денеска ќе заседава Советот за национална безбедност.