Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше актуелната влада во САД, нарекувајќи ја земјата под актуелното раководство „катастрофа“ и „смешен случај“ во очите на светот.
На платформата Truth Social, Трамп ја обвини актуелната влада за политика на отворени граници, како и за слабо и неефикасно лидерство, што, како што рече, доведе до сегашната ситуација.
Тој посебно ги критикуваше Министерството за правда, ФБИ и демократите на државно и локално ниво, обвинувајќи ги дека не ја извршуваат својата работа.