Вучиќ: Нудиме секаква помош за Црна Гора

Макфакс

02/01/2025

11:56

1.001

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ при гостувањето во утринската програма на „Телевизија Пинк“ уште еднаш изрази сочувство до жителите на Црна Гора во врска со трагедијата што се случи во Цетиње.

Тој рече дека Србија понудила секаков вид помош и тоа е се што може да направи.

Претходно беше објавено дека Клиничкиот центар во Подгорица е во комуникација со стручен тим од Србија, кој имал искуство по масовното убиство во Рибникар.