Сараевскиот уметник Мидхат Капетановиќ објави илустрација по повод трагедијата која се случи во Цетиње.
„ПРЕТХОДНО ПОЗНАТИ НА ПОЛИЦИЈАТА. Не можам да замислам понавредливи зборови од овие. Тие го навредуваат достоинството, интелигенцијата и логиката полошо од која било пцост или клетва. Веќе не можам да земам здраво за готово дека некои силувачи МОРААТ да силуваат, убијците МОРААТ убиваат, политичарите МОРААТ да лажат, крадците МОРААТ да крадат и дека постои нешто како „олеснителни околности“ и „добро однесување“ кои им дозволуваат на таквите ликови да шетаат меѓу нас неказнето. За нив полициските лисици се орден и гордост“, напиша тој под фотографијата со полициски лисици.
„Ако доброволно истапиш од човечкиот род и се декларираш како монструм, тогаш нашите правила повеќе не важат за тебе. Човековите права се за ЛУЃЕТО. Толку од мене, не можам повеќе“ додаде тој. Инаку Капетановиќ е познат по трогателните илустрации во кои на симболичен начин ги прикажува настаните во светот, но и во регионот.
Убиени најмалку 12 лица
Потсетуваме, најмалку 12 лица неа убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физички конфликт во едно кафуле. Меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години и сите се најблиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.
Масовниот убиец Ацо Мартиновиќ (45) по извршувањето на убиствата побегнал, но полицијата на крајот го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње.
„Откако полицијата го опколи и откако тој виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до клиничкиот центар“, изјави на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ. Исто така поради оваа трагедијата прогласена е тридневна жалост во Црна Гора и откажани се многу концерти.