Икарди ја обвинува Ванда: Мој поранешен соиграч и беше љубовник

Точка

30/12/2024

21:29

3.800

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата долгогодишна партнерка Ванда често се наоѓаат во меѓусебни конфликти, а за последниот ќе се сретнат во судница.

Ванда го пријавила Мауро за семејно насилство, што тој не го признал, а правната битка се води и за старателство над двете ќерки на осум и девет години.

Фудбалерот бара и да се поништи неговото принудно иселување од заедничката вила во Буенос Аирес.

Ванда го обвинува дека стресниот живот со него влијаело на нејзиното здравје.


Последната дискусија во судница донесе нови детали. Според Мауро, љубовник на Ванда бил неговиот поранешен соиграч од Интер, Кеита Балде Диао, што дополнително го искомплицирало и онака затегнатиот однос меѓу двајцата:

„Таа спиеше со еден од моите поранешни соиграчи во мојата куќа во Милано. Не заборавајте дека се борев за нашето семејство, а таа три години водеше двоен живот и сега спие со тој тип“, се вели во пораката приложена до судот.


„Можеби живее стресен живот затоа што мора да ги крие своите афери, а тоа води до болеста за која сака да ме обвини мене“, напиша Икарди во друга порака.

Поранешната сопруга на наводниот љубовник на Ванда, Кеита Балде, Симона Гуатиери ја потврди аферата со Ванда.


„Два месеци по нашата венчавка во мај 2022 година, Мауро ме контактираше за да ме информира за средбата помеѓу мојот сопруг и неговата сопруга. Беше во куќата на Мауро, има докази од безбедносната камера“, рече таа.