Мицкоски: Мотивираноста кај здравствените работници ќе биде уште поголема, фокусирани сме на поголема грижа за здравјето на граѓаните

Макфакс

30/12/2024

14:52

785

Големина на фонт

а а а

Како Влада ќе продолжиме да функционираме за доброто на граѓаните, сето она што во минатото било запоставено, заборавено, целта на оваа Влада, на министерот, на директорите во здравството, е да направат додадена вредност, да направат повеќе со што граѓаните ќе имаат пристојни услови, онакви услови какви што заслужуваат и лица мотивирани кои ќе се грижат за нивното здравје; истакна премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето на реновираниот прв кат на Клиниката за психијатрија.

„Работевме многу и во делот на потпишување на Колективните договори, му честитам и на министерот и на директорот на Фондот и на сите кои учествуваа во тој процес, министерката за финансии исто така, бидејќи се потпиша договор кој што никогаш порано не бил направен со Синдикатите и ценам дека на тој начин мотивираноста кај здравствените работници ќе биде уште поголема“.

Мицкоски очекува уште во првиот квартал следната година да најават уште неколку клучни и големи проекти во делот на здравството кои што ќе бидат успешно завршени.

„Уште сме во фаза на преговори, но мислам дека ќе има убави и пријатни изненадувања за граѓаните. И да посакаме уште многу вакви реновирани објекти да ни се случуваат во иднина, кои што ќе значат поквалитетна грижа за здравјето на граѓаните“, додаде тој.