Петрушевски: Груби и ДУИ се криеја зад Албанците за да крадат, а во СДС знаеја и молчеа за да владеат

Макфакс

26/12/2024

13:39

331

Големина на фонт

а а а

Додека Груби крадеше, ДУИ ги лажеше Албанците дека се бори за нив, а всушност со секој поминат ден беше причина повеќе тие исто како и Македонците да си заминуваат од државата. Груби и ДУИ никогаш не беа ниту за Албанците ниту за Македонците, туку за џебот на поединци, изјави пратеникот Бране Петрушевски.

„СДС знаеше за криминалот на Груби, го толерира од две причини: прво, затоа што му се приклучи и, второ, затоа што така се држеа на власт. Груби и ДУИ знаеја дека во никоја друга комбинација нема да може така да крадат и го држеа СДС на власт. Коалицијата СДС и ДУИ беше брак од интерес за грабеж на Македонија. СДС и денес продолжува да одработува за Груби смислувајќи разни приказни. Реалноста е дека тие го создадоа Груби, овозможија да краде и ја ограбија здружно државата. Тоа сите го знаат“, рече Петрушевски.

Додаде дека, наместо да се резилат со прес-конференции, СДСМ треба да излезе и да го повика да се врати, а потоа да им се извинат на граѓаните.