[ВИДЕО/ФОТО] Воведуваат климатизирани пешачки премини, ќе биде „20 минутен град“

Точка

26/12/2024

10:21

1.089

Големина на фонт

а а а

Целта е да се зголеми учеството на пешачкиот сообраќај од сегашните 13% на најмалку 25%.

Температурите од 40 степени Целзиусови не се невообичаени во Дубаи. Затоа шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати, го започна планот "Dubai Walk", чија цел е да го трансформира пустинскиот град во метропола погодна за пешаците.

Главниот план во "Dubai Walk" предвидува сеопфатна мрежа на модерни шеталишта со вкупна должина од 6.500 километри.


Во Дубаи до 2040 година треба да се изградат 300 километри нови патеки и да се реновираат 2.300 километри постоечки. По 2040 година се планира изградба на дополнителни 900 километри нови климатизирани пешачки патеки.

Проектот вклучува и 110 пешачки мостови и подвозници за подобрување на поврзаноста во градот. Целта е да се зголеми учеството на пешачкиот сообраќај од сегашните 13% на најмалку 25%.

Главниот план на "Dubai Walk" се вклопува во "Dubai Urban Master Plan 2040", чиј концепт предвидува „град од 20 минути“, каде што речиси сите жители можат да стигнат до важни услуги во рок од 20 минути.

Според моментално достапните планови, пешачките патеки ќе бидат модерно опремени, вклучувајќи зелени и засенчени површини, дигитални екрани, уметнички инсталации, спортски и рекреативни објекти и друго.