Седумгодишно момче предизвикало пожар во супермаркет во Братислава: штета над еден милион евра

Макфакс

23/12/2024

19:46

506

Големина на фонт

а а а

Седумгодишно момче намерно предизвикало пожар во супермаркет во Братислава, при што е причинета материјална штета од повеќе од еден милион евра, соопшти денеска портпаролот на регионалната полиција Михал Сеиф.

„Момчето намерно предизвикало пожар во ходникот со тоалетна хартија и пелени за бебиња. Поради неговото однесување, пожарот се проширил и на друга стока”, објаснил портпаролот по анализата на доказите, пренесе ТАСР.

Нема повредени, иако клиентите и вработените морале да бидат евакуирани.

Полицијата поведе постапка за загрозување на јавноста.

„Поради возраста на сторителот, полицијата презема различни дејствија, во соработка со вработените во службите за социјална заштита“, додаде Сеиф.

Пожарот го изгаснале 28 професионални и девет доброволни пожарникари.