Најмалку две лица загинаа, а осум лица се водат како исчезнати кога вчера во Бразил се урна мостот „Јуселино Кубичек де Оливеира“, долг 533 метри, кој ги поврзува државите Токантинс и Марањао.
Вчера мостот попуштил во раните попладневни часови и бил целосно затворен, а се урнал кога дел од структурата паднала на територијата на државата Маранџао, пренесува порталот „Метрополис“.
„Националната агенција за транспортна инфраструктура предупредува на целосна блокада на мостот на реката Токантинс. Централниот дел на мостот долг 533 метри се урна напладне“, изјави министерот за транспорт, Ренан Фиљо.