Руската разузнавачка служба предупредува дека претседателката на Молдавија се подготвува за војна

Макфакс

23/12/2024

11:54

638

Големина на фонт

а а а

Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека молдавската претседателка Маја Санду подготвува план за воена операција во Придњестровје, наведувајќи дека никој не може да гарантира дека таа нема да се обиде да започне вооружен конфликт.

Во пораката испратена од СВР до агенцијата ТАСС, се наведува дека претседателката на Молдавија неодамна одржала состанок со молдавската влада за прашања од енергетската безбедност, но средбата завршила со тоа што Санду укажала на потребата од развој на план за воена операција која има за цел воспоставување контрола над Придњестровје и елиминирање на руското присуство во регионот.

„Никој не може да гарантира дека претседателката на Молдавија нема навистина да се обиде да започне вистинска војна во регионот“, нагласува СВР во пораката до агенцијата ТАСС.