Станела Гацова, од универзитет ‚‚Гоце Делчев‘‘ во Штип: Со „Никогаш повеќе сама“ се отвора простор за прекинување на традиционалниот молк за менструацијата

Точка

16/12/2024

13:53

3.893

Големина на фонт

а а а

Иднината на Македонија е во младите. Токму затоа нашето општество е важно да вложува, мисли и работи на подобрување на условите за младите во Македонија. Подобрувања секогаш може да има, а компаниите и јавните институции добро е да ги воочуваат сите сегменти во кои може да се подобрат условите. dm дрогерие маркт освен што ги следи побарувањата на потрошувачите, ги следи и сегментите идеални за подобрувања во македонското општество.

Токму оттука, тие се инспирираа да го започнат проектот „Никогаш повеќе сама“ – проект преку кој тие обезбедија над 220 диспанзери, кои ќе ги надополнуваат со хигиенски влошки од приватната марка Jessa во 2024 и 2025 година, на сите државни факултети во државата. Освен тоа, тие подготвија и голем број едукативни содржини, панел дискусии, музички плејлисти, совети и искуства од познати личности и уште многу други содржини. Со овие содржини веќе се среќаваат студентките ширум целата земја, а за впечатоците од проектот имавме можност да зборуваме со претсeдателката на Универзитетското студентско собрание при универзитет ‚‚Гоце Делчев‘‘ во Штип. Таа со нас ги сподели нејзините ставови, но и ставовите и воодушувањето на студентките од целиот универзитет.

Проектот „Никогаш повеќе сама“ предводен од dm дрогерие маркт е во полн ек, обезбедувајќи бесплатни хигиенски производи за студентките на државните универзитети, но и подготвувајќи многу едукативни содржини и активности за студентките. Какво е твоето мислење за овој проект?

Проектот „Никогаш повеќе сама“ на dm дрогерие маркт отвора една подлабока рефлексија за општествената правда и хуманоста, истакнувајќи го значењето на индивидуалната и колективната одговорност. Оваа иницијатива не е само симболична финансиска потпора за потребите на студентките, туку и симбол на емпатија и признавање на достоинството како основна човечка вредност. Со обезбедувањето на бесплатни хигиенски средства, проектот им помага на студентките да се ослободат од товарот на социјалните и економските ограничувања, создавајќи простор за посветеност на образованието и личниот развој.

Покрај директната помош, проектот испраќа силна порака за значењето на солидарноста и хуманоста. Тој поттикнува други компании и институции да размислат за својата улога во градењето на поправедно и инклузивно општество. Ваквите проекти не само што го подобруваат животот на поединците, туку го преобликуваат начинот на кој заедницата гледа на себе и своите морални обврски, зајакнувајќи ја идејата дека вистински прогрес е возможен само преку заеднички напор и грижа за другите.

Поставени се над 220 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија, а дел од нив се поставени на твојот универзитет. Како ти, и останатите студентки, реагиравте кога дознавте за реализацијата на проектот „Никогаш повеќе сама“?

Кога за првпат слушнавме за проектот „Никогаш повеќе сама“ и за поставувањето на диспанзери со бесплатни хигиенски влошки на нашиот универзитет, тоа предизвика длабока почит и благодарност кон dm дрогерие маркт како спроведувач на проектот. Овој проект не е само чин на материјална поддршка, тој е симбол на емпатија, признавање и вреднување на суштинските потреби на студентките.

Со „Никогаш повеќе сама“ се отвора простор за преиспитување на општеството, прекинувајќи го традиционалниот молк за менструацијата. Ова не е само олеснување на нашето секојдневие, туку и важна порака: дека секој поединец заслужува достоинство, еднаквост и грижа, без разлика на темите што општеството претходно ги избегнувало. Студентките го доживуваат овој чекор како дел од една поширока, хуманистичка визија која промовира свест и напредок. Тоа е потсетник дека преку конкретни дела можеме да ги редефинираме темелите на социјалната солидарност и да создадеме општество во кое потребите на секој поединец се слушнати и вреднувани.


Како УСС на УГД ја поддржа оваа иницијатива и како ја оценуваш важноста на овој проект за намалување на ефектите од менструалната сиромаштија, која ги опфаќа и студентките?

Како Универзитетско студентско собрание на УГД, од самиот почеток ја поддржавме иницијативата „Никогаш повеќе сама“ со искрена посветеност и ентузијазам. Нашата улога беше да ја промовираме идејата помеѓу студентите, да ја подигнеме свеста за важноста на проектот и да обезбедиме логистичка и организациска поддршка при поставувањето на диспанзерите.

Истовремено, активно учествувавме во едукативните активности, како што беа панел-дискусиите и другите информативни содржини, за да помогнеме во разбирањето на менструалната сиромаштија и нејзините ефекти врз секојдневниот живот на студентките. Овој проект е од суштинско значење, бидејќи менструалната сиромаштија претставува сериозен предизвик кој често останува занемарен. Поставувањето бесплатни диспанзери не е само практично решение, туку и силна порака дека здравјето и достоинството на студентките се приоритет.

Според тебе, како претседателка на УСС при УГД, како проектите како „Никогаш повеќе сама“ на dm дрогерие маркт можат да го променат размислувањето и делувањето за поголема менструална правда во општеството?

Проектот има потенцијал да иницира длабоки промени во начинот на кој размислуваме и делуваме за менструалната правда, бидејќи тие отвораат простор за трансформација на културните и социјалните наративи. Тие не се само практични решенија, туку и катализатори за редефинирање на општествените вредности и нормите.

Преку обезбедување бесплатни менструални производи, овие проекти ја разбиваат стигмата поврзана со менструацијата, тема која често се третира како табу. dm дрогерие маркт заедно со Bestie ги поттикнуваат луѓето да ја согледаат менструацијата не како личен товар, туку како заедничка одговорност на општеството.

Како претседателка на УСС, сметам дека ваквите проекти не се само чекор нанапред, туку и мост кон нова визија за општество во кое инклузивноста и правичноста стануваат основни принципи на делување. Тие инспирираат акција и креативност, охрабрувајќи ја секоја генерација да биде креатор на некоја нова визија и цврст темел за негова реализација.

Како претседателка и претставник од Универзитетското студентско собрание на УГД, што мислиш, какви активности им се потребни на студентките за да се информираат повеќе и послободно и поодговорно да се грижат за себе кога е во прашање менструацијата која се смета за табу-тема?

Верувам дека студентките имаат потреба од интерактивни работилници, панел-дискусии и достапни ресурси кои ќе ја дестигматизираат менструацијата и ќе поттикнат информираност. Важно е активностите да создаваат простор за отворен дијалог и лична осознаеност, поддржани од експерти и долгорочни програми. Само преку образование и промена на културните ставови можеме да изградиме средина каде што менструацијата е прифатена како природен дел од животот, а студентките се поттикнати да се грижат за себе слободно и одговорно.


Каква порака би сакала да им испратиш на студентките од твојата студентска организација, но и на сите други девојки во однос на значењето на менструалната правда и нивната улога во поддршката на вакви иницијативи на универзитетите?

Нашата улога е да бидеме гласни и активни во создавањето на општество кое го разбира и почитува менструалното здравје како важен аспект на еднаквоста и праведноста. Кога ги поддржуваме овие иницијативи, ние не само што ги обезбедуваме основните потреби, туку и ја зголемуваме свеста и ја рушиме стигмата.

Мојата порака е дека вистинската промена започнува од нас самите. Кога ќе ги прошириме видиците, значи сме ја прифатиле нашата улога како предводници на позитивни промени и поддржувачи на правдата, создаваме пат за подобро општество за сите. Секој чекор што го правиме, без разлика колку е мал, има силен импакт на иднината. Пример за тоа можеме да земеме од dm дрогерие маркт и најдобрата другарка на секоја од нас студентките – Bestie.

На крајот, Станела истакна дека е горда што е сведок на ваков проект, како проектот ‚‚Никогаш повеќе сама‘‘ на dm дрогерие маркт. Според неа, овој проект е само почеток од патот кој сите ќе го изодиме заедно, а ќе ни донесе подобри услови за сите девојки и жени кога е во прашање менструалното здравје. Таа ги повика сите студентки, но и студентите, да ѝ дадат поголема поддршка на оваа, но и на сите останати иницијативи, бидејќи само така ќе се отстранат сите табуа во македонското општество. Потребни се подобри услови, намалување на менструалната сиромаштија и поголема достапност на хигиенските производи за секоја девојка и жена. Со своите испратени пораки, Станела ги повика и потсети сите студенти во Македонија дека заедно со поддршка од целото општество, студентите можат и ќе успеат да направат посигурна средина која ќе нуди простор за напредок и исполнување на сите желби и соништа, без разлика кое поле од животот е во прашање.