Денвер Нагетс на домашен терен ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 120:98 во натпревар од НБА лигата.
Денвер ги декласира Клиперси и покрај тоа што Никола Јокиќ одигра под своите стандардни. Актуелниот МВП натпреварот го заврши со 16 поени (6/9 од поле), седум скока и две асистенции. Центарот на франшизата од Колорадо на претходните два натпревари постигна 56 и 48 поени.
Јокиќ со оглед на убедливата предност која ја имаше Денвер не играше во последната четвртина, вкупно на теренот мина 30 минути.
Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј со 20 поени, а Мајкл Портер Јуниор имаше учинок од 17 поени со пет скока и четири асистенции.
Најдобри играчи за Лос Анџелес Клиперс беа Норман Пауел и Кевин Портер кои постигнаа по 16 поени. Џејмс Харден имаше 15 поени, но и девет загубени топки.
Денвер е шести во Западната конференција со скор 13-10, додека тимот од Калифорнија е две позиции подолу со скор 14-12.
НБА, резултати:
Кливленд – Вашингтон 115:105
Филаделфија – Индијана 107: 121
Чикаго – Шарлот 109:95
Мемфис – Бруклин 135:119
Минесота – ЛА Лејкерс 97:87
Денвер – ЛА Клиперс 120:98
Јута – Феникс 126:134
Портланд – Сан Антонио 116:118