Американскиот претприемач и најбогат човек на светот, Илон Маск, објави дека официјалното седиште на неговата компанија за вселенско истражување „SpaceX“ во иднина ќе биде во градот Старбејс во Тексас.
Милијардерот во јули најави дека ќе го пресели седиштето на компанијата „SpaceX“ од Калифорнија во Тексас, велејќи дека законот за родовиот идентитет во Калифорнија е „последната капка“ во донесувањето на одлуката за преселба, пренесува "Reuters".
Почнувајќи од 1 јануари 2025 година, на училишните области во Калифорнија ќе им биде забрането да бараат од училишниот персонал да им ја открива сексуалната ориентација на учениците или родовиот идентитет на други – вклучително и нивните родители – без дозвола на детето, објавија медиумите.
Во 2021 година, Маск наводно го преселил седиштето на неговата компанија за електрични автомобили "Tesla" од Калифорнија во Тексас, но рече дека Калифорнија ќе остане нејзин инженерски центар.
Милијардерот го променил своето живеалиште во истата година, преселувајќи се од Калифорнија во Тексас, каде што нема државен данок на доход за физички лица.