Тренерот на Плзен барал од играчите да ја „нападнат“ најслабата алка во тимот на Јунајтед

Дерби

13/12/2024

13:20

1.460

Големина на фонт

а а а

Чешкиот прволигаш Викторија Плзен имаше водство, но на крајот загуби од Манчестер Јунајтед во дуел од Лига Европа, а единствениот гол го постигна благодарение на големата грешка на Андре Онана.

Голманот на гостите комплицираше и им ја подари топката на противниците, но за негова среќа соиграчите до крајот направија пресврт и го намалија ефектот на големиот кикс.

По натпреварот, тренерот на домашниот тим, Мирослав Кубек открил дека ги советувал своите играчи да шутираат почесто и да го напаѓаат со пресинг Онана, затоа што го смета за најслаба алка во тимот на Рубен Аморим.

– Тоа беше нашата тактика, побарав од фудбалерите да шутираат во секоја можна ситуација.

– Можеби не сум најсреќен со начинот на кој го испративме последниот удар, но не можеме да се вратиме назад, – рекол Кубек.