Новак Ѓоковиќ се подготвува за новата сезона во која ќе се обиде да освои нови трофеи и сигурно ќе биде кандидат за највисок пласман на турнирите на кои ќе настапува, а една американска легенда смета дека ќе му биде потешко поради новата ситуација.
Андре Агаси во својата последна изјава вели дека фактот што на АТП турот веќе ги нема Надал, Мари и Федерер сигурно ќе има негативно влијание врз српскиот тенисер и тој ќе треба да пронајде поинаква мотивација.
– Не може да биде лесно, посебно кога луѓето со кои сте дошле на танц, веќе заминале.
– Кога Пит Сампрас се пензионираше, тоа беше удар за мене, таа ситуација ме врати назад, морав да барам мотивација на поинакво ниво.
– Ѓоковиќ ги загуби момците со кои влезе во историјата, емотивно ќе му биде потешко, но никогаш не би се обложувал против него. Ако сакате да направи такво нешто, направете го на своја одговорност. Тој веќе направи толку многу, трае толку долго, но факт е дека ќе почне да му недостасува енергија и мотивација, – рекол Агаси.