Повредата на Килијан Мбапе не е сериозна, но бара одредена пауза и Реал Мадрид не планира да ризикува компликации со Французинот.
Мбапе беше повлечен од игра по добриот потег и гол на дуелот со Аталанта, а лекарскиот тим на Реал утврдил проблем со мускул, за што е потребно мирување и одредена пауза.
Карло Анчелоти нема да го има годинешното големо засилување за дуелот со Рајо Валјекано, но се чини дека Мбапе нема да биде ризикуван и за финалето на Интерконтиненталниот Куп.
Европскиот шампион на 18. декември треба да го игра финалето против подобриот од соочувањето на Ал Ахли и Пачука, а Мбапе засега не може да очекува настап на оваа средба.
Реал Мадрид не сака да направи контрапродуктивен потег со форсирање на Мбапе за настап во финалето во Катар, па соиграчите на Французинот ќе мора да ја преземат одговорноста во обидот да донесат уште еден трофеј за клубот.