Поразот од Јувентус дополнително ја продлабочи кризата во редовите на Манчестер Сити, а менаџерот Пеп Гвардиола отворено признава дека неговиот тим сезонава тешко ќе може да се бори за трофеите и посебно тој во Премиер лигата.
По поразот во Торино, Гвардиола реализирал интервју со својот поранешен соиграч и познат италијански напаѓач, Лука Тони, а во него открил дека има хронични здравствени проблеми кои кулминирале поради актуелните проблеми со екипата.
– Имам сериозни проблеми со кожата, ќе треба да пијам антихистаминици неколку години.
– Понекогаш знам да се изнервирам многу и да бидам груб кон себе, факт е дека и јас знам да имам „помрачување“ во одредени моменти.
– Исто така не спијам добро поради проблемите со варењето на храната. Мора да јадам лесна храна, навечер не смеам да јадам ништо друго освен супа.
– Јас сум истиот тренер од пред пет месеци, но сега се чувствувам лошо, иако знам дека и тоа ќе пројде. Не постои тренер или тим кој немал лоши месеци, најлошото сценарио е да ме испратат дома, но и тоа е прифатливо, – открил Гвардиола.