[ВИДЕО] Полициска акција во Судски совет: Се врши претрес за да се обезбедат записници поврзани со мандатот на Дамева

Макфакс

12/12/2024

17:37

1.245

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет.

Oд Јавното обвинителство информираат дека претресот се врши за да се обезбедат два записници за проверка на евентуални елементи на кривично дело, а се однесува на мандатот на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева.

Од Обвинителството појаснуваат дека ова не е поврзано со формираниот предмет за „црната листа” на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Судски совет во врска со мандатот на Дамева.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева на 2 декември поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот, по што изборот за нов претседател беше одложен.