[ФОТО] Се сеќавате ли на крадецот Марв од култниот филм „Сам дома“: Еве како тој изгледа денес

Точка

12/12/2024

15:54

5.198

Големина на фонт

а а а

Даниел Стерн, кој се прослави со улогата на крадец во филмот „Сам дома“, денес живее повлечено, далеку од Холивудот.

„Сам дома“ е култен божиќен филм кој ја забавува публиката веќе три децении, а многу луѓе и денес со задоволство му се враќаат.

Главниот лик во филмот е Кевин Мекалистер, но многумина се сеќаваат и на крадците од филмот кои го добија прекарот „Мокри бандити“. Крадците Марв и Хари ги глумеа Даниел Стерн и Џо Пеши, а многумина денес не би ги препознале.


Во филмот „Сам дома“, крадците Марв и Хари беа жртви на стапиците на Кевин кои често оставаа последици по нивните тела. Во една прилика, Даниел се осврна на повредите кои ги заработил на снимањето, а кои не беа само филмска магија и шминка.

Стерн толкуваше различни ликови во голем број комични филмови, како Фил Беркист во „City Slickers“ и „City Slickers II: The Legend of Curly’s Gold“ и Марв - крадецот во првите два филма, „Home Alone“ и „Home Alone 2: Lost in New York“, со Џо Пеши.


Меѓутоа, тој одби да го игра истиот лик повторно во четвртиот дел од франшизата, сметајќи дека сценариото претставува срам за оригиналниот филм.

Стерн режираше неколку епизоди од „The Wonder Years“ и играниот филм од 1993 година „Rookie of the Year“, а во последниве години режираше и две епизоди од ТВ серијата Менхетен. Исто така Стерн го креираше, пишуваше и глумеше во телевизиското шоу „Danny“ на „CBS“.


Денес, Даниел Стерн живее повлечено, далеку од вревата на Холивудот, но сè уште е активен во општеството. Тој е голем поддржувач на младинското образование и хуманитарната работа. Основал неколку добротворни организации кои ги поддржуваат уметничките и образовните програми за деца. Во 2009 година ја доби наградата „Call to Service“ од тогашниот американски претседател Барак Обама за неговиот придонес кон заедницата.