Пенелопе Круз потполно го смени изгледот: Тешко беше да се препознае во ова издание

Точка

12/12/2024

13:05

3.964

Големина на фонт

а а а

Актерката Пенелопе Круз беше една од многуте познати личности кои присуствуваа на трката за Големата награда на Формула 1 во Абу Даби минатиот викенд.

Иако присуствуваше на овој престижен натпревар, таа не беше таму само поради спортската возбуда. Имено Пенелопе пристигна во Обединетите Арапски Емирати поради снимањето на филмот во кој главната улога ја толкува нејзиниот сопруг Хавиер Бардем заедно со Бред Пит.



Позната по тоа што секогаш ги следи модните трендови, Пенелопе успешно ја одбра модната комбинација која не само што го одразува нејзиниот моден вкус туку и нејзиниот личен печат.

Кога станува збор за црвениот килим не постои ниту еден кога таа не изгледала совршено, меѓутоа нејзиното приватни модни комбинации сепак не беа толку восхитувачки. Со текот на годините таа стана позната по лежерните и опуштени комбинации во приватниот живот, додека овој пат беше евидентна нејзината модна еволуција.



Пенелопе, како и нејзините колешки Деми Мур и Салма Хајек, сè повеќе е во чекор со трендовите, а нејзиното приватно облекување стана речиси модно совршенство.

Во Абу Даби, каде ја следеше трката, се појави во прекрасен маичка со прерамки и Шанел фармерки. Како заштитно лице на оваа престижна модна куќа, Пенелопе успеа да ги промовира нивните фантастични креации, додавајќи му на својот стајлинг ремен со логото на Шанел, кој беше суптилен, но впечатлив.


Логото на брендот беше јасно видливо, но сè беше комбинирано со вкус и достојно за традицијата на модната куќа. Сандалите со потпетици беа совршен избор, додека качкетот беше детаљот кој го заокружи целокупниот стајлинг. Со оваа нова модна трансформација, Пенелопе направи вистински пресврт, покажувајќи дека нејзиниот стил се развива и станува уште пософистициран.