Лиса Кудроу вели: „Ми беше тешко да се спријателам со колегите од серијата „Пријатели“

Точка

11/12/2024

10:45

3.056

Големина на фонт

а а а

Актерката Лиза Кудроу, најпозната по улогата на Фиби Бафеј во популарната серија „Пријатели“, неодамна призна дека ѝ било тешко да се спријатели со нејзините колеги надвор од сетот на популарната серија.

Актерката откри дека таа, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и покојниот Метју Пери навистина напорно се труделе за да развијат што подобар однос, а со текот на времето и успеале во тоа, па според неа, сè резултирало со голема хемија помеѓу нив, и на снимање и во реалниот живот.


Лиса ги гледа репризите на серијата „Пријатели“ за да се потсети на покојниот Пери

Кудроу, исто така, неодамна призна дека почнала повторно да ја гледа серијата „Пријатели“ за да го одржи споменот на Пери по неговата трагична смрт во октомври 2023 година.


„Искрено, не можев да ја гледам серијата бидејќи ми е премногу непријатно да се гледам себеси, но ако е за Метју, тогаш тоа е во ред. Го обожувам тоа колку беше смешен и тоа е она кое сакам да го паметам за него. Никој пред него не ја знаеше таа каденца или комичен ритам“, изјави актерката.

„Едноставно се смееш цел ден, главно помеѓу сцените, бидејќи тоа се смешни луѓе. А особено некој како Метју, кој имаше за цел да открие колку можам да се смеам во реалниот живот секој ден. Секогаш се смеевме толку силно што солзите ни течеа низ образите“, се сеќава актерката.

Лиса ќе се појави во новата серија на Нетфликс

Потсетуваме, Нетфликс наскоро ќе започне со прикажување на хумористичната серија „No Good Deed“, во која главните улоги ги толкуваат Лиса Кудроу и Реј Романо, ѕвездата на серијата „Everybody Loves Raymond“. Неодамна беше објавен трејлерот, а реакциите на гледачите се главно позитивни, и многумина се возбудени поради одличната актерска екипа.

„Фиби и Рејмонд? Морам да го гледам ова“, „Вау, ова изгледа интересно“, „Лиса Кудроу? Дефинитивно ќе ја гледам „No Good Deed“, се само дел од коментарите на Јутјуб.