Бремената Меган Фокс ја раскина свршувачката со раперот: Повторно ќе биде самохрана мајка

Точка

10/12/2024

23:11

4.100

Големина на фонт

а а а

Меган Фос и нејзиниот вереник Машин Ган Кели официјално раскинаа, пренесува „ТМЗ“. Актерката повторно ќе биде самохрана мајка.

Наводно, на Денот на благодарноста, додека биле во Колорадо, Фокс пронашла вознемирувачка содржина во телефонот на раперот, по што одлучила да го остави и да стави точка на нивниот однос.


Разделбата се случила само две недели откако објави дека е бремена. Ова е нејзино четврто дете, а прво со Кели.

Раперот и актерката се во „војна“ со месеци. Тие во неколку наврати јавно се критикуваа. Се чинеше дека бременоста и доаѓањето на новороденчето ќе влијае на нивната врска и тие повторно ќе бидат вљубени како некогаш, но ништо од тоа.


Меган од првиот брак со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, има три сина Ноа, Боди и Џорни .