Боксот со голи раце („bare knuckle“) станува сè попопуларна боречка вештина во последниве години, а „BKFC“ како организација рапидно расте.
Синоќа се одржа настанот „BKFC 69“, на којшто беше испишана историјата бидејќи беше забележан досега најбрзиот нокаут во овој спорт.
Џастин Вотсон го нокаутираше Кол Ферел, а за победа му беа потребни само 2,9 секунди! Основачот и претседател на „BKFC“, Дејвид Фелдман, потврди дека тоа е најбрзиот нокаут досега.
„Неверојатно“, рече тој и ја покажа стоперката со времетраењето на борбата, а часовникот покажа 2,90 секунди.
Претходниот рекорд изнесуваше три секунди, а го држеше Улисес Дијаз, кој го нокаутираше Донелеј Бенедето пред четири години.
Инаку во боксот со голи раце, борбите траат пет рунди од по две минути, а боксерите имаат само завои на тупаниците, без ракавици. Затоа, исечениците и повредите се многу чести, и често доведуваат до прекин на борбите, а ретко се завршуваат со судски одлуки.