Бугарите бараат „брз старт“ на работите на делницата кон Македонија, директно признавајќи дека таму не се работи ништо. Граѓаните од пограничните места се жалат зошто владата не им прави автопат, во исто време кога македонската Влада прави сè за делот од Македонија во Коридорот 8.
Бугарските медиуми дури известуваат за можна пренамена на средствата во друг коридор поради фактот што состојбата е целосно заглавена од бугарска страна.
Лкалните бугарски власти дури најавуваат и петиции до централната власт, за да ја потенцираат потребата од поголема активност на Бугарија во авто и железничката делница.
Во прилогот на БНТ се укажува дека ќустендилските власти настојуваат да издејствуваат „брз старт“ на изградба на магистралата кон Македонија, како и за тоа дека во спротивно властите во Скопје би се пренасочиле на Коридорот 10.